Тестирање на писменоста на чиновниците во Русија

Во Русија со нова идеја за проверка на писменоста меѓу раководните лица.

За оваа и не толку нова иницијатива, во 2012 зборуваше вице-премиерот Владислав Сурков. „Во сите епохи, како правило, каноните на јазикот ги определувала државата. Чиновникот и литераторот - се творци на класичниот јазик. И еве, зачувувањето на рускиот јазик, неговото прочистување, неговата правилна употреба, малку по малку се губат во државниот апарат. Тоа треба веднаш да се поправи“. Како имено треба да се поправи, Сурков не појаснува. И оваа идеја, веднаш после тоа, ја заборавија. Впрочем, ќе поминат неколку месеци, и таа повторно ќе се појави.

Треба да се спомне дека ова прашање го зедоа во своите раце и креативните чиновници од Улјановск. Тие решија на секој состанок на локалната власт да се почне со вежби: пет минути посветени на писменоста. Ставете ги пропуштените букви, ставете правилен акцент и т.н. Неколку состаноци по ред чиновниците исполнувале сѐ по ред. Што станало понатаму со таа иницијатива, никој не знае. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.