Федералната вселенска агенција (Роскосмос) ја објави државната програма „Вселенската дејност во Русија во периодот од 2013 до 2020 година“. Основни задачи во документот се, покрај другото, зголемување на учеството на светскиот пазар во областа на ракетната продукција до 16% во 2020 година, развивање на составот на орбиталните групи сателити од научно и социјално-економско значење (вклучувајќи го и рускиот сегмент во Меѓународната вселенска станица); модернизација на космодромите Плесецк и Бајконур, изградба на космодромот „Восточниј“ во Амурската област.
Во програмата е нагласено дека треба да се вклучи во ракетната флота и ракетниот комплекс „Ангара-А5“, изградба на првиот (2015) и вториот (2018) објект на космодромот Восточниј. Како што се планира, во 2015 во вселената ќе се најдат 95 руски сателити, а во 2020 година нивниот број ќе се зголеми до 113. Системот ГЛОНАСС до 2015 треба да обезбеди прецизност во определувањето на местоположбата до 1,4 метри, а до 2020 - до 0,6 метри. Во сферата на фундаменталните истражувања се планира создавање на три вселенски опсерватории („Спектар-УФ“, „Спектар-М“ и „Гамма-400“), а исто така и остварување на мисијата на орбиталниот апарат „Луна-Глоб“ и апаратот за спуштање на Месечината - „Луна-Ресурс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче