Во третата рунда од групата „Б“ на СП во Шпанија, ракометната селекција на Русија според очекувањата ја совлада репрезентација на Катар со 29:22 и најверојатно се избори за пласман помеѓу првите четири екипи во групата, што гарантира продолжување на натпреварите во втората фаза од светското првенство. Следните два натпревари со Македонија (16.01) и со Чиле (18.01) за Русија ќе бидат борба за повисок пласман во групата, кој носи условно полесен противник во 1/8 финалето.
Во вториот денешен натпревар од оваа група Исланд ја совлада Македонија со 23:19, а последната средба ја играат фаворитот Данска и Чиле.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче