Русија и Украина заинтересирани за унапредување на соработката

Русија и Украина се заинтересирани нивната интеграција со европските структури и соработката на просторот на ЗНД да се одвива взаемно.

Русија и Украина се заинтересирани нивната интеграција со европските структури и соработката на просторот на ЗНД да се одвива взаемно, да се надополнуваат еден со друг, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на преговорите со својот украински колега Леонид Кожарски.

„Безусловно, нашите држави сами ги определуваат приоритетите на европскиот пат, но сепак, нас нѐ обединува општата заинтересираност за изградба на Европа без линии на разделба. Затоа ние не гледаме противречија меѓу нашите држави кога е во прашање соработката со европските структури, како и продлабочување на интеграциите на пространството на ЗНД, бидејќи станува збор за две дејства кои заемно се надополнуваат“, рече Лавров.

„Особено важно е да ги продолжиме нашите заеднички напори за решавање на приднестровското прашање. Русија и Украина како држави можат да посредуваат во преговарачкиот процес и да играат клучна улога во него, гарантирајќи го неговиот исход“, рече Лавров, откривајќи го заседанието на комитетот за меѓународна соработка на руско-украинската меѓудржавна комисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња