Продавачите во Русија задоволни од потрошувачката за време на новогодишните празници

За разлика од американските и британските продавачи, продавачите во Русија останаа сосема задоволни.

За разлика од американските и британските продавачи, за кои овој Божиќ и Нова година за малку не станаа вистинска катастрофа поради скромната потрошувачка, продавачите во Русија останаа сосема задоволни. Тие ја опишуваат сезонава како „нешто послаба од очекувањата“ до „многу успешна“.

Продавачите на облека кажуваат дека „празниците поминале традицонално“ и не донеле нешто неочекувано. Во оваа година забележлив раст на продажбите немало, кажува сопственичката на продавница за женска облека во Москва, Светлана Иванова. „Овој декември помина неочекувано стабилно. Можеби имало помалку прослави оваа година, кога обично жените купуваат нова облека. Можеби, пак, луѓето немале вишок пари за да си дозволат нешто повеќе - не добиле премии и тринаесетта плата“, кажува Иванова.

Но за храна во Русија не се штедело. Парите за храна претежно ги трошеле не во малите продавници или дисконтите, туку во супер- и хипермакертите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња