Кредитен бум во Русија

Русите ги полнат своите џебови со кредити, воопшто не размислувајќи колку тоа нив ќе ги чини.

Русите ги полнат своите џебови со кредити, воопшто не размислувајќи колку тоа нив ќе ги чини. И, ако може да им се верува на експертите, граѓаните на Русија нема да ги исплаши дури зголемување на каматите. Потрошувачката треска може да престане само доколку се засилат условите за давање кредит.

Пазарот на кредити во Русија ги руши сите рекорди, и покрај очекувањата на скорешна финансиска криза. Растот во минатата година на издадените кредити изнесувал 40%.

Нов автомобил, последниот iPhone, патување за Божиќ во Европа - вака или на друг начин русите не се откажуваат од задоволствата, купувајќи ги на кредит. Ако се суди според темпото на раст на банкарското кредитирање, каде втора година по ред има вистински бум, на русите им се допадна животот на кредит - оној истиот живот на кредити кој сега задава сосема непријатни проблеми во Европа.

Како резултат на кредитирањето, во Русија за девет месеци од минатата година нивото на издадени кредити достигнало 7,4 трилиони рубљи, што означува зголемување за 38% повеќе од истиот период минатата година, или 40% за целата година.  

Граѓаните кои се фатија на кредитната јадица воопшто и не забележаа дека потрошувачките кредити во минатата година добија поголеми камати. Така, кон крајот на март 2012 година, Сбербанк ги покачи каматите за потрошувачките кредити за 0,65% до 2%, со што годишната камата изнесува од 15,5 до 22% годишно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња