Земфира тргнува на турнеја

Земфира изјави дека планира да тргне на турнеја во 19 градови од поранешниот СССР, на која ќе го претстави својот нов албум.

Турнејата 2013 започнува на 15 февруари во Томск и засега не се предвидени настапи во Москва и во Санкт Петербург. Инаку, и претходно се случуваше концертите на Земфира во овие два најголеми града во Русија да бидат најавени за време на турнејата во земјата. Во февруари пејачката и нејзината група ќе настапат и во Новосибирск, Кемерово и во Барнаул. Потоа Земфира ќе ја продолжи својата турнеја во земјите од Балтикот и ќе одржи по еден концерт во Талин, во Рига и во Вилнус. Во март, пак, таа повторно ќе се врати во Русија и ќе ја продолжи турнејата со концерти во Перм, Екатеринбург, Тјумен, Чељабинск, Омск, Казањ и во Ижевск. 

Турнејата ќе биде завршена со пет концерти во Украина во април.

Овие концерти претставуваат продолжение на турнејата 2012, која Земфира ја прекина поради желбата за поскоро завршување на новиот албум, чиј пилот стана песната „Без шансов“ („Без шанси“). Уште еден потенцијален хит е песната „Деньги“ („Пари“), која е зајадлива, храбра и на рок-ен-рол начин лекомислена, а која веќе ја има неколку пати пеено на концерти.Сега снимањето на албумот е завршено. Се очекува до почетокот на турнејата да биде испечатен и првиот тираж на це-дето. Сепак информацијата за датумот на излегувањето, исто како и името албумот, сè уште не се објавуваат, што, впрочем, е веќе нормално за пејачката.

Заинтригираноста за издавањето уште повеќе се зголемува и заради материјалот кој Земфира го претстави на телевизија во очи на Новата година. На пример, на каналот „Куљтура“ таа ја испеа својата песна „Мы разбиваемся“ („Ние се делиме“) во придружба на симфонискиот оркестар „Виртуозите на Москва“ под диригентската палка на Владимир Спиваков.

 

Која е Земфира?

Земфира Талгатовна Рамазанова (26 август 1976, Уфа) е руска пејачка, музичар, композитор и автор на песни, која настапува под името Земифра. Една од комерцијално најуспешните пејачки во историјата на руската музика. Позната е по своите музички достигнувања и по вокалните способности. Земфира стана олицетворени на новиот бран во рускиот рок, кој од руските критичари беше окарактеризиран како „женски рок“.

Дискографија

  • Земфира (1999)
  • Прости меня моя любовь /Прости ми, љубов моја/ (2000)

  • Четырнадцать недель тишины /Четиринаесет недели тишина/ (2002)

  • Вендетта (2005)

  • Спасибо /Благодарам/ (2007)

  • Z-Sides (2010)

 

Видеоспотот на Земфира за песната „Мы разбиваемся“ („Ние се делиме“)


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња