Во јули оваа година во фрабриката „Севмаш“ ќе почне да се гради петтата стратешка ракетна подморница од класата „Бореј-А“, а во ноември - шестата. Подморниците ќе ги добијат имињата „Александар Суворов“ и „Михаил Кутузов“. Ова го соопштува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на информиран извор во рускиот одбранбено-индустриски комплекс.
Овие подморници ќе бидат првите од седумте стратешки ракетни нуклеарни подморници од модернизираната класа „Бореј-А“, кои, според зборовите на министерот за одрбана, Сергеј Шојгу, ќе бидат создадени во рамките на државната програма за вооружување до 2020 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.