Србија планира да искористи 100 милиони долари од рускиот кредит за купување на железнички локомотиви од Русија, пренесува РИА Новости. Ова го соопшти министерот за финансии и економија на Србија, Млаѓан Динкиќ.
Во петокот Русија и Србија потпишаа договор за кредит од 800 милиони долари за модернизација на српската железничка инфраструктура. Рокот на отплата е 5 години со каматна стапка од 4,1%.
Динкиќ соопшти дека освен локомотивите, од руските компании Србија ќе купи и друга стока, како на пример - железнички пруги.
Порано тој соопшти дека ова е најголемиот кредит кој Железницата во Србија некогаш го добила. Според неговите зборови, добиените средства ќе се искористат за модернизација на „Железничкиот коридор - 10“, а исто така и за модернизација и реконструкција на железничката пруга Белград-Бар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче