Во Москва заврши акцијата на опозицијата против одговорот на „Законот Магнитски“. Според податоците на главната управа на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација, во овој марш учествувале околу 9.000 луѓе. Лидерите на опозицијата зборуваат за 40-50 илјади учесници.
Учесниците на митингот носеле слики на парламентарците кои го поддржале усвојувањето на законот „Дима Јаковлев“ со натпис „Срамота“. За време на протестот, опозиционерот Сергеј Удаљцов искинал и запалил слика на претседателот Владимир Путин.
Како што е соопштено, маршот поминал мирно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче