Русија загуби од Данска на СП

Русија со пораз на вториот натпревар на Светското првенство во ракомет.

Во својот втор натпревар од групата „Б“ во Севиља, ракометната селекција на Русија на вчерашниот натпревар беше поразена од репрезентацијата на Данска со 27:31. Рускиот национален тим во текот на целиот натпревар се обидуваше да воспостави рамнотежа и да наметне иницијатива, во што делумно и успеваше, но во финишот данските ракометари резултатски се „одлепија“ и предноста ја задржаа до конечната победа.

Денес селекцијата на Русија има слободен ден пред продолжувањето на натпреварите во групата против селекциите на Македонија, Чиле и Катар, кога ќе се бараат победи и бодови за подобар пласман, што би донел условно „полесен“ противник во рамките на 1/8 финалната рунда.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња