Министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, и министерот за финансии и економија на Србија, Млаѓан Динкиќ - потпишаа договор, според кој Русија ќе и даде на Србија кредит од 800 милиони долари. Тие ќе бидат потрошени на модернизација на железничката инфраструктура.
Кредитот за поддршка на инфраструктурните проекти е даден на рок од 5 години со 4,1% камата. Банките кои ќе ја остварат оваа трансакција се Внешеконом банк и Народната банка на Србија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Парите Србија ќе ги добие во 2013 година. Овие средства Србија треба да ги употреби за инфраструктурни проекти, но, со еден услов: Белград треба да достави техничко-економски доказ за тоа како ќе бидат трошени парите. Србија ги исполни овие услови, и кредитот отсега е достапен за нашиот северен сосед.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче