Сергеј Павлович Корољов - советски научник, конструктор на ракетно-космички системи, роден на 12 јануари 1907 година. Во 1930 година Корољов го завршува Московскиот државен технички универзитет и почнал да работи во Централниот аеродинамички институт, а во 1933 година преминал во Научниот институт за реактивни истражувања. Таму бил раководител на одделот за ракетни летачки апарати.
Под раководството на Корољов биле создадени првите балистички ракети. Имено тој ја конструирал ракетата која на 4 октомври 1957 година го лансираше првиот сателит „Спутник“ во вселената. Од тој момент официјално започнува ерата на практичната космонаутика.
На 12 април 1961 година, Корољов заедно со својот колектив ја лансира ракетата „Восток-1“ со космонаутот Јуриј Гагарин. Во САД таков лет е остварен дури после една година.
Во 1958 година Корољов добил звање академик. Двапати е прогласен за Херој на Социјалистичкиот Труд. За жал, за него никој не знаел, бидејќи тој бил под посебна заштита на Советскиот Сојуз и неговата работа била тајна. Под раководство на Корољов се создадени три генерации на вселенски бродови: „Восток“, „Восход“ и „Сојуз“.
Сергеј Павлович Корољов почина на 14 јануари 1966 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче