Либерално-демократската партија на Русија даде предлог-закон во Думата, според кој на 30 дена треба да се забрани дејноста на продавниците и аптеките кои продаваат неквалитетна, опасна и стока со поминат рок на траење, пренесува РИА Новости.
Според досегашната легислатива, за нарушувања од ваков вид се предвидуваат казни од 800 денари па до 45.000 денари.
„Ваквиот вид казна многу посилно ќе удри по бизнисот кој продава стари лекарства и неквалитетни продукти, отколку некоја незначителна казна, чиј максимален износ може да биде од 20-30.000 рубљи“, уверени се авторите на овој предлог-закон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче