Србија му дава статус на проект од национално значење на „Јужен тек“

Нашиот северен сосед оди чекор подалеку со своите планови за гасоводот „Јужен тек“.

Нашиот северен сосед оди чекор подалеку со своите планови за гасоводот „Јужен тек“. Планот на Белград е да му даде на овој проект национално значење до крајот на овој месец. Ова го соопшти министерот за финансии Младан Динкиќ на средбата со рускиот министер за финансии, Алнтон Силуанов.

Српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, на 4 јануари даде изјава дека изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на територијата на Србија ќе започне до крајот на јануари, што е мало закаснување од првичните планови, бидејќи се чека и доаѓање на претставник од Руската Федерација кој ќе учествува во свеченоста. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња