До 2020 година, руската ракетно-вселенска индустрија треба да го зголеми нивото на производство, а рускиот удел во светското производство на вселенска техника треба да се зголеми до 16% од сегашните 10,7%. за ова се кажува во државната програма за развој на вселенската дејност, изработена од Роскосмос.
Меѓу останатите зададени цели во склоп на државната програма - е и изградба на ракетен комплекс „Ангара-А5“, изградба на првиот и вториот дел од космодромот „Восточниј“, зголемување на бројот на руските вселенски уреди на 113 и зголемување на точноста на системот ГЛОНАСС до 0,6 метри.
Задачата за реформа на вселенската индустрија ја постави владата на Русија после серијата несреќи во вселената. Во последните неколку години Русија изгуби неколку сателити.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче