Русија ја има најголемата флота на мразокршачи во светот

Русија ќе развие високотехнолошки сектор во изградбата на бродови и ќе работи на нови видови бродови.

Русија ќе развие високотехнолошки сектор во изградбата на бродови и ќе работи на нови видови бродови, изјави рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот за време на церемонијата на именувањето на новиот руски мразокршач, кој го доби името на познатиот истражувач, Витус Беринг.

„Русија веќе ја има најголемата флота на нуклеарни мразокршачи“, изјави Путин. „Ние ќе продолжиме да развиваме бродови од сите видови“, додаде.

Новиот ледокршач ќе ја извршува својата функција околу брековите на Сахалин преку текот на целата година.

Бродот е спуштен во вода на 30 јуни 2012 година, ги поминал испитувањата во ноември, и е префрлен во сопственост на „Совкомфлот“ на 21 декември. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.