САД за прв пат после повторниот избор на Барак Обама прават обид да ги извадат односите со Русија од ќорсокакот во кој се најдоа. Како што стана познато на „Комерсант“, кон крајот на јануари САД ќе го испрати својот емисар во Москва за да се сретне со претседателот Владимир Путин. Целта на мисијата - е да се изложи гледната точка на Вашингтон за односите меѓу Русија и САД и да се даде знак дека „затоплувањето“ на односите не е замрзнато. Како што стана познато на „Комерсант“, во Москва ќе биде пратен советникот на Обама за национална безбедност, Том Донилон. На средбата која се планира, ќе присуствува и секретарот на Советот за безбедност на РФ, Николај Патрушев, и амбасадорот на САД во Русија, Мајкл Макфол.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче