Русија го одбележува Денот на печатот

На 13 јануари во Русија се одбележува Денот на рускиот печат.

На 13 јануари во Русија се одбележува Денот на рускиот печат. Според податоците од Федералната агенција за печат, денеска во Русија се регистрирани 38.553 печатени изданија.

Овој празник на работниците во печатените медиуми е воведен на 28 декември 1991 година, и е поврзан со историска дата - почетокот на издавањето на првиот руски весник. Имено, на 13 јануари (2 јануари по стар стил) 1703 година, во Москва излезе првиот руски весник „Ведомости“. Издавањето било овозможено со указ на Петар Први, кој станал „главен уредник“ на првиот број.

На Денот на рускиот печат, почнувајќи од 1997 година, претседателот доделува награда и грантови за поддршка на проекти на младите новинари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња