Путин врачи орден на најдобриот брод во Северната флота

Владимир Путин го посети Североморск, каде во официјална церемонија го врачи орденот Нахимов на нуклеарниот крстосувач „Петар Велики“.

Владимир Путин го посети Североморск, каде во официјална церемонија го врачи орденот Нахимов на нуклеарниот крстосувач „Петар Велики“.

Орденот, кој го носи името на познатиот руски адмирал Нахимов, беше врачен за прв пат во поновата историја на Воено-морската флота на Русија.

„Петар Велики“ ја доби наградата за храброст, висок професионализам кои се покажани од екипажот при исполнувањето на задачите во реоните на Северниот Атлантик и Арктикот, а исто така и за успешната борба со пиратите во Аденскиот залив.

После официјалното доделување, претседателот се фотографираше со морнарите, се потпиша во книгата на почесни гости и доби од морнарите како подарок традиционална морнарска маица. Во една од кабините на бродот, Путин одржа видеоконференција со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, посветена на влегувањето на нуклеарната подморница „Јуриј Долгоруки“ во составот на Воено-морската флота на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња