Патнички авион принудно слетал во Воронеж поради дефект на моторот

Авионот „СААБ-340“, кој летал од Белгород во Москва, морал принудно да слета во Воронеж поради дефект на еден од моторите.

Авионот „СААБ-340“, кој вчера летал од Белгород во Москва, морал принудно да слета во Воронеж поради дефект на еден од моторите, изјавиле за „Интерфакс“ на прес-конференцијата на Централниот регионален центар на Министерството за вонредни состојби.

„Авионот летал од Белгород во Москва, и во 21:04 по московско време принудно слетал поради откажување на левиот мотор во аеродромот „Чертовицкиј“ во Воронеж“, кажано е на прес-конференцијата.

Во авионот се наоѓале 17 патници и три членови на екипажот. Ниту еден од нив не е повреден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња