Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

На 13.01.1872 година во Русија започна со работа метеоролошката служба.

Информациите за времето можете да сретнете кај многу древни автори. Летописите, историските сведоштва, легендите - помагаат да се открие каква била климата во минатото. Метеоролошките набљудувања биле и се најважен елемент во хидрометеоролошките служби во сите држави.

На 10 април 1722 година, со указ на Петар Велики, во Санкт-Петербург почнало следење на времето и промените кои се случувале. Во 1724 година во Русија е создадена првата метеоролошка станица, а од декември 1725 година, во Академијата на науки почнале да вршат набљудувања со помош на барометар и термометар.

Во Русија во средната на 19 век имало 50 метеоролошки станици, а кон крајот на векот - Русија ја имала најдобрата мрежа во светот за следење на времето. Официјална дата за почеток на работата на метеоролошката служба во Русија се смета 1 (13) јануари 1872 година.

Со развитокот на технологијата и методите на пренесување на информацијата, се развивала и оваа служба. Од 1930 година е создадена мрежа на аеролошки станици и се започнало со создавање на првите карти. Од 1960 година во составувањето на прогнозите за времето почнале да ги користат и сателитите, односно информацијата која доаѓала од нив. Како помош на синоптичарите им дошле метеоролошките локатори и компјутерските методи за создавање на прогноза за времето. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.