Ледот од езерото Восток може да има сосема уникатни физички својства кои се разликуваат од обичниот лед, рече началникот на логистичкиот центар на Руската експедиција на Антарктикот, Вјачеслав Мартјанов.
Во почетокот на февруари 2012 година специјалистите на одделот за дупчење на 57-та Руската експедиција на Антарктикот, после десетина години дупчење, за прв пат дојдоа до скриеното езеро Восток, кое се наоѓа скриено под 4 километри мраз. Анализата на првите примероци вода од Восток покажаа дека во него практично и нема микроорганизми. Повторното дупчење започна уште во првите денови на 2013.
Тој забележа дека ледот кој се создава од езерската вода на дупчалката, може да има сосема поразлични физички својства кои се разликуваат од обичниот лед. Сепак, според неговите зборови, тоа треба допрва да се докаже. Сега јасно е само едно - ниту во една лабораторија во светот не е можно да се создадат сите услови кои владеат за време на дупчењето на длабочина од 4 километри во антарктичкиот лед, изјави Мартјанов.
Сите проби ќе ги донесат во Санкт Петербург во мај годинава со експедицискиот брод „Академик Фјородров“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче