Карикатура: Наталија Михајленко
Кога актерот сакаше да се пресели во Белгија, сиот свет, па и Русија, ја поддржаа неговата одлука.
Обидите на француските социјалисти за воведување данок од 75% за успешните, за оние што умеат да заработуваат, беше прифатен само од страна на приврзаниците на уравниловката. Доколку Депардје се отсели на некој далечен остров, исто така никој не би го осудил, освен француските власти.
Но, Депардје побара руско државјанство. И доби нов пасош од земјата за која Европејците се научени да ѝ држат лекции по демократија. Но, за разлика од нив, актерот, објаснувајќи ја својата желба да го смени државјанството, ја нарече Русија „велика“. Депардје, нагледно им покажа на богатите Европејци дека од финансиска гледна точка е поволно да се биде руски државјанин. Мошне важен фактор за успешните луѓе од Европа, кои, според мислењето на претседателот на Сбербанка на Русија Герман Греф, е тоа што: „финансиско-економската и политичка стабилност е најважен фактор при изборот на земјата не само за инвеститорите, туку и за културните работници“.
Депардје е еден од оние што не се плаши да каже што мисли. Тој навистина се гордее со дружбата со претседателот Путин, не обрнувајќи внимание на валканиците со кои го зацрнуваат новинарите и во Франција и во Русија.
Зошто подготвеноста на Депардје да го плаќа данокот во Русија им пречи на домашните блогери? Зошто тие покажуваат отворена омраза кон него? Во еден свој коментар, авторот отворено објасни зошто го осудува Депардје: „Тој не разбира дека неговото однесување го крева рејтингот на партијата на власт и имиџот на Путин“. Ете, тоа е вистината.
Нашите опозиционери навикнаа да им аплаудираат на оние западни културни дејци што ја понижуваат Русија, но подготвени се да ги растргнат оние што веруваат во нашата земја, оние што ја сметаат како силна и перспективна.
Депардје е еден од оние што не се плаши да каже што мисли. Тој навистина се гордее со дружбата со претседателот Путин, не обрнувајќи внимание на валканиците со кои го зацрнуваат новинарите и во Франција и во Русија.
„Русија не е земја во која премиерот својот сонародник би го нарекол ништожен човек“, - ја прокоментира Депардје изјавата на премиерот на Франција Жан-Марк Ејро, кој го нарече големиот актер „ништожен“. Впрочем, според западната демократија изјавата на францускиот премиер, изгледа, се смета за политички коректна и ја демонстрира слободата на говорот во општеството.
По неколку месеци францускиот суд ќе го започне процесот во врска со сообраќајната незгода на една париска улица во која, возејќи скутер, се најде Депардје. Во незгодата никој не настрадал. Случајот е даден на судот за прекршоци, каде ќе се одржи класичен процес со одбрана и со обвинителство. Многумина претпоставуваат дека француските власти ќе го искористат тоа како повод за уште еднаш за да го закачне актерот. Всушност, Депардје е навикнат на такви дреболии...
Обраќање на Жерар Депардје до руските новинари
„Да, поднесов барање за руски пасош и среќен сум што моето барање беше прифатено. Ја обожавам вашата земја – Русија, вашиот народ, вашата историја, вашите писатели. Сакам да снимам филмови тука, во кои работам со актери како што е Владимир Машков. Ја обожавам вашата култура, вашиот начин на размислување. Своевремено татко ми беше комунист и го слушаше Радио Москва! Тоа е исто така дел од мојата култура. Убаво е да се живее во Русија. Не мора тоа да е Москва, оти за мене таа е крупен мегаполис. Претпочитам да живеам на село, во Русија знам многу прекрасни места.
Русија е земја со голема демократија, тоа не е земја во која премиерот може да го нарече својот сонародник ништожен човек.
На пример, има едно место што јас многу го сакам. Онаму каде се наоѓа Државниот филмски фонд, со кој раководи мојот другар Николај Бородачев. Таму, недалеку од брезовата шума, се чувствувам прекрасно. Ќе учам руски. Веќе зборував за тоа со нашиот претседател Франсоа Оланд. Веќе му го кажав сето тоа. Тој знае дека јас многу го сакам вашиот претседател Владимир Путин, а и тој мене. Јас му кажав дека Русија е земја со голема демократија, тоа не е земја во која премиерот може да го нарече својот сонародник ништожен човек.
Имам добро мислење за медиумите, но во исто време тие изгледаат здодевно, оти, по правило, тие претставуваат само една идеја. Од почит кон вашиот претседател и кон вашата голема земја, нема ништо повеќе да додадам, освен едно нешто, кое се однесува на Русија, а тоа е фрагмент од проза, што сега ми падна на ум... Само во таква голема земја не сме никогаш осамени, зашто секое дрво, секој пејзаж ни дава надеж. Во Русија не постојат дребни нешта, таа е полна со големи чувства. И во тие чувства се крие сета голема непорочност. Во вашата големина никогаш не се чувствувам осамен. Да живее Русија! Благодарам!“
Од интервју со Жерар Депардје (1987 година)
- Првпат доаѓам во Советскиот Сојуз, иако одамна планирав да ја посетам вашата земја, откога почнав да читам руска литература – Тургенев, Достоевски, Толстој. Навлезен во нивните романи се почувствував како Русин кој шета по улиците на Москва и на Петербург... Би сакал да глумам во СССР, да играм некој од хероите на Достоевски. Се гледам себеси во улогата на Дмитриј или на Аљоша Карамазов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче