Во знак на протест против преголемите даноци во Романија, еден од најдобрите тенисери во 70-те години, поранешниот прв рекет во светот, Илије Нестасе, вчера изрази желба да се пресели во Русија, како што тоа го направи францускиот актер Жерар Депардје, соопштија романските медиуми.
„Јас не сакам повеќе да плаќам данови, јас ќе се преселам во Русија, како и Депардје. За што кај нас во Романија се даваат даноци? За платите на парламентарците и европарламентарците? Не сакам повеќе да плаќам“, изјави 66-годишниот Нестасе за весникот Libertatea.
Победникот на Отворениот шампионат во САД во 1972 и „Ролан Гарос“ - 1973, подвлече дека „сега во Русија е студено“, и затоа тој „ќе почека со преселувањето до лето“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче