За македонски превод притиснете „CC“.
Благодарност до СДИГ за љубезно отстапениот видео-материјал специјално за „Руска реч на македонски“.
Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски ќе работи со студентите од СДИК (Серускиот државен институт за кинематографија).
Најстарата киношкола во Русија започна заеднички проект со САД за размена на практика и искуство од областа на кино индустријата и професионалното образование на САД.
Манчевски држел предавања во бројни универзитети, од кои и во најпознатата Школа за уметности на Универзитетот во Њујорк, каде како декан ја водел програмата за филмска режија. Неговата режисерска кариера достигна светска слава со првиот филм „Пред дождот“ од 1994 година, кој доби бројни признанија и награди - од Златен лав во Венециија, до номинација за Оскар во 1995 за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје. Тогаш оскарот го однесе Никита Михалков со неговиот филм „Изгорени од сонцето“, но сепак Милчо Манчевски го проби македонскиот филм на светската кинематографкса мапа, а тој продолжи да создава вредни филмови: „Прашина“ (2001), „Сенки“(2007), „Мајки“(2011) и над 50 кратки филмови.
Искуството на студентите од СДИК со ваков режисер секако ќе биде корисно и плодно, тие ќе имаат можност да се запознаат директно со процесот на создавање на филм од професионалец. Судетнтите имаа можност да го погледнат неговиот филм „Прашина“, но и да поразговараат со режисерот за процесот на создавање на едено филмско дело.
Видео: Манчевски поканет во Русија да ги обучува стдентите за филмска уметност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.