Државите на групата БРИКС сметаат дека економскиот и политички систем во светот денеска не работи еднакво за сите, и дека случувањата во светот носат негативен карактер, изјави во Њу Делхи на руските новинари секретарот на Советот за безбедност на на Руската Федерација, Николај Патрушев, подвлекувајќи ги заклучоците на средбата на високите претставници на БРИКС.
„Светскиот економски и политички систем се менуваат пред нашите очи. Тие се исклучително динамични, се менуваат, но, за жал, не во позитивна страна. Глобалната економска криза создава проблеми, но и прашања кои треба да се решаваат... Во неколку држави економијата паѓа“, изјави во четвртокот Патрушев, давајќи заклучок после разговорите со претставниците на петте држави БРИКС за состојбата во светот.
Притоа, во текот на средбата беше искажано мислењето дека БРИКС „и понатаму ќе биде локомотива на светската економија“, забележа во разговорот со новинарите секретарот на Советот за безбедност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче