НАТО го продолжи договорот за изнајмување на украинските и руските тешки транспортни авиони Ан-124-100 до 31 декември 2014 година.
Како што соопшти генералниот конструктор и претседател на киевското државно претпријатие „Антонов“, Дмитриј Кива, договорот е потпишан меѓу создадената агенција за материјално-техничка поддршка NSPA (NATO Support Agency) и Ruslan SALIS GmbH, создадена во 2004 година со учество на руската „Волга-Днепар“ и украинската Antonov Design Bureau. Во согласност со условите на договорот, четири авиони се даваат на барање на нарачателот, а уште два постојано ќе се наоѓаат во аеродромот во Лајпциг.
Авионот „Руслан“ е создаден, пред сѐ за воздушен трансфер на оружје, вклучувајќи и балистички ракети, како и за изведување на десантни воздушни акции. Цивилната варијанта на авионот може да изврши летови на сите географски широчини и може да превезе товар на големи растојанија.
Досега се направени 56 авиони од овој вид.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче