Министерството за здравство ќе го ограничи рекламирањето на брза и штетна храна

Министерството за здравство ќе посвети посебно внимание за создавање кај населението на култура на рационално консумирање храна.

Министерството за здравство ќе посвети посебно внимание за создавање кај населението на култура на рационално консумирање храна. Ова е утврдено во државната Програма за развој на здравството до 2020 година. Согласно овој документ, создавањето услови за рационално и балансирано консумирање храна ќе бара воведување мерки за ограничување на рекламите за неколку висококалорични продукти.

Тоа ќе бидат чипсот, слатките газирани пијалаци и брзата храна. Тие најдоа свое место во Програмата која е прифатена од владата на Руската Федерација.

Абнормалната тежина, дебелеење, зголеменото ниво на гликоза и холестерол во крвта - во Министерството за здравство сакаат да ги победат на сметка на создавањето кај населението на правилни навики во исхраната, и пред сѐ, откажување од мрсната, пресолена и храна со преголема содржина на јаглени хидрати.

Освен воведувањето на рекламни ограничувања, Министерството за здравство ќе побара од произведувачите да напишат на производот информација со голем фонт за калориската содржина, масти, јаглени хидрати и соли. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња