Манчевски пoканет во Русија да ги обучува студентите за филмската уметност

Македонски режисер со американско искуство во Русија.


За македонски превод притиснете „CC“.
Благодарност до СДИК за љубезно отстапениот видео-материјал специјално за „Руска реч на македонски“.


Милчо Манчевски пристигна во Москва во рамките на еден уникатен проект. Имено тој со своето американско кинематографско искуство и професионално образование стекнато во САД, заедно со Серускиот државен универзитет за кинематографија (СДИК), „С.А. Герасимов“ ќе работат на подготовка и реализација на краток филм.
Во првата фаза на проектот, Милчо Манчевски го сподели своето професионално искуство и одржа кастинг со студентите по актерство од класата на Националниот артист Игор Николаевич Јасулович. Милчо Манчевски за време на неговата посета на филмски институт, исто така, разговараше и со ректорот на Универзитетот - професор Владимир Сергеевич Малишев. Во текот на овој разговор разговараа и за можноста студентите на СДИК да добијат заедничка обука со професорот И.Н. Јасулович во специјално разработената програма „Работа на актерите на филмски сет“. Предавањата Милчо Манчевски ќе ги држи две недели. Реализацијата на вториот дел од проектот, кога е планирано снимањето, е планиран за април 2013.

Видео: Предавање за филм од Манчевски во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.