Инфлацијата во Русија за 2012 година забрзано растела, во споредба со рекордно ниската стапка на инфлација од 6,1% во 2011 година - во 2012 таа изнесувала 6,6%. Сепак, во 2010 и 2009 година таа беше значително пониска. За следната година економистите очекуваат умерен раст на цените. Исклучок ќе бидат цигарите и алкохолот, кои можат да пораснат поради растот на акцизите.
Во Москва цените растеле побрзо, отколку во другите делови на државата. Така, во декември инфлацијата за 2013 година во Москва изнесувала 7,3%, додека во Санкт Петербург таа изнесувала 6,1%.
Меѓу стоките за широка потрошувачка, најмногу поскапело месото - за 8,3%, а исто така лебот и јајцата - 6,2%. Цените на тестенините пораснале за 1,7%, на морските продукти за 4,8%, млекото и млечната продукција - за 4,2%, додека маслото пораснало за 3,4%.
Поевтиниле зрнестите производи, зејтинот и шеќерот (22,7%, 0,4% и 13,8%), како и продуктите од зеленчук (за 11,6%).
Бензинот во 2012 поскапел за 7,6%, а лекарствата за 6,6%.
За 2013 година се очекува инфлацијата да изнесува околу 6,4%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче