„Гаспром“ во јануари извезувал преку Украина само 42% од гасот кој го праќа во Европа. Овие податоци вчера ги објави „Интерфакс“. Според податоците од „Интерфакс“, од 1 јануари количините на гас, кои поминале низ гасоводот на украинска територија, се намалиле за 18% во однос на последната декада во 2012 година.
За периодот јануари-ноември 2012 година, количината на гас која е пратена преку Украина се намалила за 20% во споредба со истиот период во 2011 година. Во минатата година преку Украина се пратени едвај 50% од рускиот извоз на гас, изјавува аналитичарот во „Инвесткафе“, Григориј Бирг. Транзитот на гас преку Украина паѓа поради почнувањето со работа на „Северен тек“, како и поради зголемувањето на протекот на гас преку Белорусија.
Уште една причина за намалувањето на транзитот е намалувањето на извозот во Европа. Поради финансиската криза во Европа, намалено е користењето на рускиот гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче