Карикатура: Сергеј Јолкин
Жестоките расправи во Велика Британија во врска со придонесот на тие земји во буџетот од Европската Унија во Русија се согледуваат од сосема различен агол. Пред сегашната криза, а особено во текот на последните години од постоењето на Советскиот Сојуз, Европската Унија (некогашната Европска заедница) беше мошне почитувана во сите држави источно од Полска.
Со децении идејата „посветеност за Европа“ беше важен инструмент за прозападно ориентираните образовани луѓе и либералните медиуми. На тој начин тие настојуваа да ја придобијат Украина, Молдавија и другите поранешни советски републики (вклучувајќи ја и Русија) и да ги „ослободат“ од малигните и, всушност, измислени „московски контроли“. Советскиот Сојуз, по наводите на прозападните кругови, претставуваше олицетворение на овие „контроли“ сè до 1991 година, а подоцна оваа улога му е доделена на вечно демонизираниот Кремљ.
Португалија и Белорусија имаат приближно ист број жители. И двете држави се соочија со финансиска криза во 2011 година. Меѓутоа, Белорусија ја девалвираше својата валута, зеде заем помалку од 3 милијарди долари од Русија и речиси успеа без последици да ја преброди кризата. Португалија не можеше да го девалвира „своето“ евро и позајми 97 милијарди долари – и сега мора уште да позајмува.
Денес ни станува јасно дека оваа црно-бела визија на Европа и „европскиот дух“ е, всушност, поедноставена и погрешна. „По нивните плодови ќе ги познаете“, стои во Светото писмо. Ако дрвото на Европска Унија е навистина здраво, како е тогаш можно да раѓа вакви плодови?
Неодамнешните случувања во внатрешноста на ЕУ, вклучувајќи ја и кризата во Грција и во неколку други европски земји, кај многумина разбудија сомнеж во старите евроцентрични вредности. На пример, Фјодор Луканов, главниот уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“ и еден од коментаторите на радиото „Гласот на Русија“ отворено го постави прашањето: Дали „европскиот избор“ сè уште постои за поранешните европски држави? И дали феноменот на широко прокламираните „европски интеграции“ сè уште е привлечен за, на пример, Украина или Молдавија, како што беше за Германија или Франција во текот на педесеттите години од 20 век, или за Шпанија и Португалија во периодот на седумдесеттите?
Да ги разгледаме, на пример, Шпанија и Португалија. Учесниците на Ибероамериканскиот самит, одржан неодамна во шпанскиот град Кадиз, дојдоа до изненадувачки заклучок: земјите-членки на ЕУ, а особено Шпанија, веројатно повеќе им се потребни на државите БРИКС (на прво место Бразил и Русија) отколку што државите БРИКС ѝ се потребни на Европа.
Претседателката на Аргентина не учествуваше на европскиот самит. Повеќе ѝ годеа самитите Мерокосур и Уносур – латиноамерикански варијанти на Евроазиската унија, која рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја формира со соседните земји на Русија.
Овој заклучок е изведен врз основа на статистичките податоци претставени на самитот на 18 земји од Латинска Америка, Шпанија, Португалија и Андора. Покрај фактот дека Шпанија е на второ место по обемот на инвестиции во економијата на латиноамериканските земји, Шпанците побараа помош од Латинска Америка, а не обратно.
Шпански дневен магазин „Еl Pais“ ги изнесе следните статистички податоци во врска со тие прашања: Шпанија, со својата исклучително висока стапка на невработеност и заканувачкиот долг, може само да им завидува на земјите од Латинска Америка, во која бројот на луѓе што живеат под границата на сиромаштијата се намали во текот на минатата деценија од 50% на 30%, така што повеќе од половината жители ѝ припаѓа на средната класа.
Додека економиите на Шпанија и Португалија ги покажуваат сите знаци на рецесија, се очекува економијата на „големите 20“ од Латинска Америка во оваа година да доживее просечен раст од 3,2%, а според некои оптимистички прогнози – дури и 4%. Не е ни чудно што претседателите на латиноамериканските држави покажуваат дека можат да донесат одлука независно од Шпанија и од Португалија, а понекогаш кон нив заземаат и покровителски став.
Со децении идејата „посветеност на Европа“ беше важен инструмент за прозападно ориентираните образовани луѓе и за либералните медиуми. На тој начин тие настојуваа да ги придобијат Украина, Молдавија и другите поранешни советски републики (вклучувајќи ја и Русија) и да ги „ослободат“ од малигните и, всушност, измислени „московски контроли“.
Ова не се однесува само на претседателите на Куба и Венецуела, Раул Кастро и Хуго Чавез, кои немаат навика да присуствуваат на Ибероамериканските самити. Овој начин го прифати и претседателката на Аргентина, Кристина де Кирхнер, која не учествуваше на самитот во Кадиз, бидејќи нејзиниот доктор ја советувал да не се заморува со летови преку Атлантикот. Повеќе ѝ годеа самитите Мерокосур и Уносур – латиноамерикански варијанти на Евроазиската унија, која рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја формира со соседните земји на Русија.
На самитот во Кадиз Шпанците како домаќини и нивните португалски пријатели со своите некогашни колонии не држеа предавања за слободата, демократијата и за изборите. Крајно време е и другите држави на ЕУ да го заземат истиот став кон своите источни соседи – Белорусија, Украина и Русија. Поради тоа, Белорусија има право да ги игнорира критиките на својот некогашен господар Полска, исто како што Бразил има право да ги игнорира покровителските ставови на својата „татковина“ – Португалија.
Овие тврдења може да се потврдат и со цифри. Португалија и Белорусија имаат приближно ист број жители (околу 10 милиони). Двете држави се соочија со финансиската криза во 2011 година. Меѓутоа Белорусија ја девалвираше својата валута, зеде заем помалку од 3 милијарди долари од Русија и речиси успеа без последици да ја преброди кризата.
А, Португалија, во која луѓето со децении купуваа недвижнини земајќи кредити – доби 97 милијарди долари во пакетот со помош од ЕУ и ММФ и сега бара уште. Причината е едноставна: бидејќи се откажа од својата финансиска независност при влезот во Еврозоната, Португалија сега не може да ја девалвира „својата“ валута – еврото. Сè што може да направи е да позајми уште пари.
Дали е ова „европскиот пат“ за кој толку многу ни зборуваа? Таков пат нас не нè интересира и во иднина нема да трпиме да ни држат лекции. Во текот на 1990 години, кога Русија имаше должнички проблем кон државите на ЕУ (здружени во Лондонскиот клуб на кредитори), постоеше одредена основа дека ѝ се „држат лекции“.
Но, ЕУ го направи својот избор: ништо не ѝ подари на Русија. Не ѝ скрати ниту најмал дел од долгот. Денес Русија доделува кредити на некои држави-членки на ЕУ (вклучувајќи ги и Кипар, Ирска и некои други несолвентни „учители по демократија“). Според тоа, зошто Русија би трпела покровителски став од западните земји?
Можеби историјата со иронична игра на судбината ќе ги постави работите на своето место. Мултиетничките, нестрпливите и релативно младите држави-„проширувачи“ на Европа (некогаш САД, а денес Русија и земјите од Латинска Америка), можат подобро да се адаптираат и да опстанат во современиот свет – секако подобро отколку старите, непроменливи и крајно арогантни држави на Стариот свет.
Дмитриј Бабич е политички аналитичар на радиото „Гласот на Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче