Започна кампањата за избор на руски туристи за лет во вселената

Започна кампања преку која треба да се изберат тројца, кои во 2014 година ќе го извршат првиот туристички лет во вселената.

Вчера во Русија започна кампања, преку која треба да се изберат тројца, кои во 2014 година ќе го извршат првиот туристички лет во вселената.

Во кабината на леталото на компанијата SpaceXC ќе се наоѓаат 25 луѓе од целиот свет. Нивниот лет ќе биде целосно платен од спонзори.

Натпреварувањето ќе се одвива во две етапи. На почетокот ќе има извор од 72 кандидата од различни држави, а потоа победниците од првата етапа ќе заминат во Меѓународниот Кампус во Флорида, каде ќе бидат селектирани 25 финалисти.

Имињата на првите руси-победници ќе станат познати во март годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња