Научно-истражувачки центар „Курчатовски институт“. Извор: ИТАР-ТАСС.
Денес вистински ѕвезди станаа познатиот Голем хадронски колајдер и Хигсовиот бозон. Постојано се зборува за нив. Но, сега на сцената се појавува ново научно чудовиште – ласерот на слободни електрони. Можат ли да се споредат?
Михаил Ричев: Тие имаат многу заеднички црти, но има и принципелни разлики. Колајдерот е поголема направа и е поскапа, чино речиси 10 милијарди долари. Тоа е исклучително фундаментална машина. Нејзината задача е да ги открие тајните на природата, поврзани со настанувањето и развојот на Вселената. А, ласерот XFEL, од една страна, е најнапредниот дел од науката, но од друга страна тој е силно „насочен“ кон конкретен дел во „економијата“, пред сè во медицината, фармацијата, хемијата нанотехнологијата, енергетиката, електрониката, создавањето нови материјали. И тоа не во далечната иднина, ами утре. Индикативно е што неколку водечки светски фирми не се интересираат за овој ласер туку-така, туку и активно учествуваат во неговото создавање.
Што се однесува до цената на проектот, тој најпрво беше оценет на 1.082 милијарди евра, а сега порасна за 150 милиони. Ласерот ќе биде поставен под земјата на длабочина од 6 до 38 метри, должината на тунелите се околу 5.8 километри.
Што е она што ги привлекува фирмите за еден ваков научен проект? Сепак тој, пред сè, е поврзан со многу сериозна фундаментална наука.
Михаил Ричев: Често се прави следнава аналогија. Претставете си фудбалски натпревар. Го знаеме составот на репрезентациите и го знаеме крајниот резултат, но немаме можност да ги видиме головите. На истиот начин и научниците денес немаат моќност а видат како се одвиваат хемиските реакции, макар и да го знаат сите нивни реагенси. Тие ги гледаат само резултатите. Зошто? Ние немаме инструмент за набљудување на интеракцијата помеѓу атомите и молекулите. Таа се одвива во неверојатно краток временски сегмент – фемтосекунда. За овој квадрилионски дел од секундата светлината поминува сѐ на сè 30 микрони.
Ласерот во еден рендгенски импулс може да ја покаже тродимензионалната структура на белковините. Ова ветува револуција во биологијата, медицината, генетиката.
Токму ласерот XFEL ќе може да создава такви фантастично кратки импулси и кадар по кадар да демонстрира како „се давани головите“, како во хемиската реакција работат атомите и молекулите. Тоа ги интересира голем број научници. Со тоа тие ќе добијат нови сознанија, за да можат да создадат нови напредни технологии на нови напредни технологии на нови напредни технологии на нови напредни технологии на XXI век, материјали со досега невозможни својства. Освен тоа, ласерот ќе може на атомско ниво да ја проучува природата на вирусите, да гледа како тие ги напаѓаат клетките. Познавајќи ја „атомската кујна“, фармаколозите ќе имаат можност многу поефективно да создаваат нови лекарства.
Ласерот може да реши и уште една задача, која е мошне привлечна за научниците и за специјалистите од најразлични области: во еден рендгенски импулс да ја видат тродимензионалната структура на белковините. Ова ветува револуција во биологијата, медицината, генетиката. Не случајно сега со расшифрирање на белковините се занимаваат многу лаборатории во светот. Но имено XFEL со своите можности ветува пробив на ова поле. Затоа многу научници со нетрпение го очекуваат.
Освен тоа, овој ласер може да проникне во тајните на Вселената. Ќе им помогне на научниците да ја изучуваат материјата во истите екстремни услови, во кои царуваат во прегратките на ѕвездите. Тоа ќе овозможи подобро да разбереме како е изграден нашиот свет.
Но, ласерите на слободни електрони, општо земено, не се новост. Тие постојат во САД и во Јапонија. Не успеаја ли тие да ги решат задачите за кои вие зборувате?
Михаил Ричев: Во секој случај, досега за слични резултати никој не соопштил. Важно е да се подвлече дека максималната енергија на сите постоечки ласери не надминува 14 GeV, а во случајот со XFEL таа е многу поголема - 17 GeV. Затоа неговото светлина ќе биде милијарда пати поголема, а најглавно е дека неговиот број на повторувања на импулсите досега бил недостижен. Имено овие параметри му даваат на овој ласер толку широки можности. Тие се постигнуваат благодарение на ултрапроводниот забрзувач при температура од минус 271 С. Низ него струјата тече практично без загуби.
Значењето на овој уникатен ласер на свој начин ја осветли неодамнешната кризна ситуација. Станува збор за тоа дека од различни причини цената на проектот почна да се качува и се постави прашањето за намалување на енергијата до 14 GeV, односно беше предложено да се повтори веќе направеното. Иако со голема жал на ваквата варијанта се согласија сите земји-учеснички во проектот, освен Германија и Русија. Нашите влади, независно од тешката економска состојба, најдоа начин да го зголемат финансирањето. Всушност, тие го спасија проектот за уникатната машина. Германците дополнително вложија 100 милиони, а ние 59.2 милиони евра.
Со завршувањето на подземните работи и со изградбата на тунелите, треба да започне монтажата на опремата. Пуштањето во употреба на ласерот е определено за 2016 година.
А, колкав е уделот на земјите во овој проект?
Михаил Ричев: Според првичниот план Германија ја плати половината од цената, Русија 25 отсто, но сега тие удели се зголемија. Ова значи дека Русија и Германија се основните учесници во проектот. Останатиот дел од вредноста им припаѓа на уште 10 земји од Европа.
Во која фаза се наоѓа сега изградбата на ласерот?
Михаил Ричев: Практично со завршувањето на подземните работи и со изградбата на тунелите, сега треба да започне монтажата на опремата. Пуштањето во употреба на ласерот е определено за 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче