Претседателот на Русија воведе два вида дејност кај социјално ориентираните некомерцијални организации: за создавање во општеството нетолеранција кон корупцијата и за развиток на меѓунационалната соработка.
Во јуни минатата година беше создаден претседателски совет за меѓунационални односи. Неговите членови сметаат дека мониторингот на ситуацијата во меѓунационалните односи треба да го вршат државните органи, некомерцијалните организации и научната заедница - и дури тогаш ќе се согледаат ефектите и ќе може да се преземаат решенија при појава на проблеми.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче