Православната црква ги повикува граѓаните на Русија да посвојуваат деца

Руската Православна Црква ги повика граѓаните да посвојуваат деца веднаш после прифаќањето на „законот Дима Јаковлев“, кој им забранува на Американците да посвојуваат деца од Русија.

Руската Православна Црква ги повика граѓаните да посвојуваат деца веднаш после прифаќањето на „законот Дима Јаковлев“, кој им забранува на Американците да посвојуваат деца од Русија.

Патријархот Кирил посвети посебно внимание во својата божиќна порака на децата во Русија кои останале без своите родители.

„Многу е важно нашите граѓани да посвојуваат сирачиња во своите фамилии, давајќи им не само покрив над главата, туку и да ги израснат како да се нивни, со љубов“, кажа Патријархот.

Бројот на посвојувања од страна на руските фамилии е скромен - само 7.400 посвојувања во 2011, наспрема 3.400 посвојувања на деца од Русија во странство. Околу 1.000 од тие посвојувања ги направиле жители на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.