Популацијата на леопарди на Далечниот Исток не се намалила

Бројот на тигри на Далечниот Исток кои се внесени во Меѓународната Црвена книга - останува ист.

Зимската маршрута на животните на територијата на националниот парк „Земја на леопардот“, покажа дека бројот на тигри во овој предел, кои се внесени во Меѓународната Црвена книга - останал ист.

Маршрутата поминува низ територијата на паркот од декември. За време на набљудувањето на оваа маршрута, специјалистите ги броеле трагите на сите животни во снегот, вклучувајќи ги и леопардите, за кои Приморскиот крај е единствен ареал во Русија каде тие живеат.

Според податоците од последниот попис, денеска во Усуријската тајга живеат околу 50 леопарди. Научниците се загрижени дека леопардот кој живее овде се наоѓа пред исчезнување.

Во втората половина на јануари ќе почне мониторингот на бројноста на леопардот на границата со Кина и Русија. Таква соработка со кинезите ќе се изврши за прв пат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња