Во Санкт Петербург се појави џиновски iPhone во чест на Стив Џобс. Споменикот на основачот на корпорацијата Apple е откриен во дворот на научно-технолошкиот парк на локалниот национален истражувачки универзитет за информатички технологии, механика и оптика. Овој споменик претставува копија на iPhone во големина на човек. На неговата предна страна се наоѓа интерактивен екран, чувствителен на допир, на кој е претставена биографијата на основачот на компанијата Apple, како и фотографии и видео снимки со Џобс. Универзитетот ќе ги плаќа трошоците за користење на електричната енергија и Интернет. Студентите преку овој “голем ајфон“ ќе можат бесплатно да се приклучат на глобалната мрежа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче