Научници од Московскиот државен универзитет и Универзитетот Рајс (САД), открија својство на графенот (модификација на јаглеродот), кое може да се користи за прочистување на места кои се контаминирани со радијација, како на пример „Фукушима“.
Во текот на експериментот, научниците открија дека микроскопски честички на оксиди на графенот со дебелина од еден атом многу бргу се поврзуваат со радионуклиди од различно потекло и ги собираат во одделни јони во цврстите тела. Овие честички лесно се раствораат во вода, и откако ќе ја извлечат радијацијата, се собираат во топки кои можат да бидат на некаков начин утилизирани - на пример, изгорени.
Пред две години, кинески физичари утврдија дека оксидот на графенот има и бактерицидни својства, бидејќи има способност да се поврзува со токсините.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче