Македонија и Русија во иста група

Од денеска до 27 јануари во Шпанија се игра 23-то светско ракометно првенство за мажи.

Од денеска до 27 јануари во Шпанија се игра 23-то светско ракометно првенство за мажи. За пласман на шампионатот се изборија 24 национални ракометни селекции кои во првата фаза ќе се натпреваруваат во четири групи од по шест екипи. Репрезентациите на Македонија и Русија играат во групата „Б“ во Севиља, заедно со Чиле, Данска, Исланд и Катар. Првите дуели од нашата група на програмата се утре кога се среќаваат:

Македонија – Чиле

Исланд – Русија и

Данска – Катар

Меѓусебниот дуел во групата помеѓу Македонија и Русија се игра на 16 јануари.

Најдобрите 4 селекции од секоја група ги продолжуваат натпреварите во понапредната 1/8 финална фаза кои ќе се играат на 20 и 21 јануари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња