И покрај несогласувањата, САД ќе соработуваат со Русија

САД не се согласуваат со Русија по редица прашања, но сепак, ќе ја продолжат соработката.

САД не се согласуваат со Русија по редица прашања, но сепак, ќе ја продолжат соработката и покрај сите недоразбирања и несогласувања, изјави официјалниот претставник на стејт-департментот, Викторија Нуланд.

„Ние имаме многу несогласувања... и по прашањата околу Сирија, и за посвојувањето, но ние ќе ја продолжиме соработката, иако ние јавно кажуваме дека не сме согласни за многу точки“, изјави Нуланд.

Претходно администрацијата на САД изјави дека прагматично се однесува за односите со Русија, и е спремна да соработува со Москва во тие сфери кои одговараат на интересите на Вашингтон. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.