Нова нуклеарна подморница во Морнарицата на РФ

Денеска во Северодвинск, каде е изграден и ги заврши своите испитувања стратешкиот ракетоносец „Јуриј Долгоруки“.

Денеска во Северодвинск, каде е изграден и ги заврши своите испитувања стратешкиот ракетоносец „Јуриј Долгоруки“, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, официјално објави за влегувањето на оваа нуклеарна подморница во воениот состав на Морнарицата.

Руското знаме, под кое две години е испитувана подморницата заедно со нејзиниот екипаж - ќе биде заменето со Андреевското знаме.

Со самото ова, за прв пат во историјата на суверена Русија, нејзината воена флота ќе биде надополнета со нова нуклеарна подморница од стратешко значење. Таа може да носи меѓуконтинентални балистички ракети, што значи - влегува во посебна рамка според руско-американските договори за стратешките потенцијали. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња