Што очекуваат граѓаните на Русија во 2013?

Најболните точки во Русија граѓаните ги лоцираат во сферата на комуналните услуги, инфлацијата и нискиот животен стандард на граѓаните.

Тешко дека многумина ќе го наречат „најдобро“ ова време од годината, кога празниците остануваат зад нас, а пред нас е долга зима и многу работа. Имено затоа ова е периодот кој е избран од социолозите на Серускиот центар за изучување на општественото мислење и да ги покажат најголемите проблеми во државата од гледната точка на нејзините граѓани.

Најболните точки во Русија граѓаните ги лоцираат во сферата на комуналните услуги, инфлацијата и нискиот животен стандард на граѓаните. Тоа се застарени проблеми кои не се појавиле вчера, и нема да бидат решени утре. На пример, опасноста од алкохолизмот и наркоманијата во црниот список на граѓаните влегуваат поретко. Затоа, пак, цевките и покривите кои протекуваат, како и сите останати домашни дефекти се поважни за 58% од граѓаните. Второто место во антирејтингот го делат инфлацијата и нискиот животен стандард на населението (според 51% од испитаниците). На третото место на руските неволји се наоѓа корупцијата и бирократизмот - за нив се изјасниле 50% од испитаните.

43% од испитаниците изјавиле дека во државата сериозен проблем се и алкохолизмот и наркоманијата, а исто така и ситуацијата во здравството. За здравството се зборува исто како и во минатата година (32%). 

Речиси секој четврт граѓанин на Русија (27%) за најсериозен проблем во својата држава го смета падот на моралот и етиката. 26% го сметаат рускиот образовен систем за еден од проблемите, како и ситуацијата со криминалот. Мора да се каже дека за криминалот во Русија сѐ помалку се зборува: само пред еден месец за него се искажал речиси секој трет граѓанин во државата, а сега - секој четврт.

23% сметаат дека проблем за државата е економската криза, а секој петти (21%) смета дека врз економијата погубно влијаат олигарсите.

Притоа, само 19% се обеспокоени со екологијата, а 15% со проблемите во армијата. Само 14% ја сметаат заканата од тероризмот како закана, или изразиле незадоволство од начинот на кој во државата се почитувани човековите права и демократските слободи. Речиси секој осми граѓанин (13%) е загрижен со демографската ситуација во државата, а секој десетти (11%) - со каснењето на платите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња