Во Русија 23 февруари нема да биде неработен, бидејќи се паѓа во сабота. Сепак, да се одмора три дена по ред, како што тоа обично се случува кога паѓа празник во викенд - нема да се случи оваа година. Неработниот ден од 25 февруари се пренесува на петок, 10 мај. А затоа празнувањето на Меѓународниот ден на жената ќе трае три дена - од 8 до 10 март.
Понатаму следуваат мајските празници. 1 мај е во среда, а на 2 и 3 мај се пренесуваат два јануарски неработни дена - официјалните празнични денови - 5 и 6 јануари - се погодија во сабота и недела. Порано „вишокот“ неработни денови се соединувале со новогодишните празници, но поради новите поправки во законот - за таквите денови ќе решава владата. Од почетокот на мај во Русија ќе се одмора 5 дена - од 1 до 5 мај.
9 мај е во четврток, соодветно - е неработен ден. А следниот ден - 10 мај - ќе биде датум на кој ќе се префрли спомнатиот февруарски празник. На овој начин, кон петте денови на првомајските празници се додаваат уште четири, поврзани со Денот на Победата - од 9 до 12 мај. Уште три неработни денови ги чекаат граѓаните на Русија во ноември, бидејќи Денот на народното единство се паѓа во понеделник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче