Соработници од Факултетот за почва во МГУ установија дека на некои микроорганизми од Земјата не се страшни условите кои владеат на Марс - ниту вакуум, ниту радијација, ниту силни киселини - не влијаат на нив на Марс. Со други зборови, тие бактерии би можеле долго време да живеат во условите кои владеат на Црвената планета.
Во експериментот зедоа учество како бактериите од Антарктикот, така и од аридните почви - кои се развиваат во услови на сува клима.
Порано различни групи научници повеќе пати изведувале истражувања за влијанието на екстремните услови врз микроорганизмите. Принципиелната разлика кај новите експерименти се состои во тоа, што тие се одвиваат не со одделни колонии бактерии, туку со цела заедница микроорганизми. „За да се сфати како функционира еден автомобил, треба да се истражува целосно, а не по делче по делче“, изјавува Елена Воробјова.
Бактериите во заедници преживувале и на температури од -50 до +50 степени, при притисок помал од еден тор и при влијание на големи дози радијација (25 Mrad). Притоа, заедниците бактерии преживуваат при дози кои порано се сметаа за стерилизирачки, и не умирале при влијанието на различни киселини. Научниците сметаат дека доколку бактериите живеат насамо, немаат шанси за преживување, но во заедници - тие би успеале да се приспособат. Интересно е тоа што некои микроорганизми дури ги зачувуваат метаболичните и репродуктивните функции.
Не помалку важно е и тоа, што во експериментот учествувала и материјата која ја пронајде роверот на Марс. Докажано е дека почвата на Марс нема уништувачки ефекти за живот на неа, и нејзината радијација не е штетна за микроорганизмите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче