Цените на московските станови ќе растат побрзо од инфлацијата

Цените на становите во московскиот регион во оваа година ќе растат побрзо од инфлацијата, прогнозираат учесниците во градежниот сектор.

Цените на становите во московскиот регион во оваа година ќе растат побрзо од инфлацијата, прогнозираат учесниците во градежниот сектор. Кон крајот на минатата година, вредноста на еден квадрат во московските новоградби надмина 150.000 рубљи (околу 3.800 евра). Притоа, Министерството за регионален развиток смета дека државата не треба да купува метар квадратен во Москва за повеќе од 34.600 рубљи.

Кон крајот на 2012, министерот за регионален развој, Игор Слунјаев, потпишал наредба, според која, 1 кв. метар не треба да чини повеќе од 34.600 рубљи, кога истиот го купува државата. Таа цена беше установена за Москва и за Подмосковјето, тргнувајќи од средната пазарна вредност на квадратниот метар во регионот.

Според податоците од градежниот сектор, цените на становите во московскиот регион во минатата година забележително растеле. Некаде растот изнесува 12%, а некаде - до 15%.

Во оваа година цената на новите станови во ќе расте за неколку проценти повеќе од нивото на инфлацијата: на нивото на инфлација слободно може да се додадат 6%. Според последните прогнози на Министерството за економски развој, во 2013 година, средното ниво на инфлација може да изнесува 7,1%.

Според темпото на поскапување на квадратниот метар, Русија е на некаде на првите места во светот. Според оценката на Knight Frank, средниот раст на цените на становите од сите видови во државата од третиот квартал на 2011 година до третиот квартал во 2012 година, изнесувал 10,7%. Тоа е доволно Русија да се најде на четвртото место во светскиот рејтинг, препуштајќи го пред себе Бразил со раст од 15,2%, Хонг Конг - 14,2% и Турција - 11,5%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња