Режисерот Андреј Тарковски (1979). Извор: Соловјов/РИА Новости.
Официјален претставник на Ивановската област ја купи архивата на режисерот Андреј Тарковски, која беше дадена на наддавање од страна на аукциската куќа Сотби (Sotheby) во Лондон. Архивата ќе биде предадена на спомен-куќата на режисерот во градот Јурјевец. Ова за РИА „Новости“ го изјави губернаторот на Ивановската област, Михаил Мењ.
Архивата беше дадена на аукција од страна на Олга Сокурова, филмски стручњак и ученичка на Тарковски, коавтор на книгата „Вајање во времето“ („Sculpting In Time“), во која режисерот размислува за своите филмови и воопшто за филмот и за уметноста. Архивата се однесува како на приватниот живот на режисерот така и на неговата професионална работа.
На аукцијата учествуваа 22 потенцијални купувачи, а во финишот останаа претставникот на Ивановската област, познатиот режисер Ларс фон Трир и еден непознат колекционер.
Како што беше претходно соопштено, губернаторот Михаил Мењ изјавил дека треба да се најдат вонбуџетски средства за враќање на архивата на Тарковски во Русија, во родниот град на режисерот Јурјевец. Во прибирањето средства учествуваа општествени организации и деловни луѓе, а меѓу нив беа и партнерите на филмскиот фестивал „Огледало“, кој во чест на Тарковски се одржува секоја година во Ивановската област.
„Единственото наследство на режисерот е продадено за еден милион и триста илјади фунти (околу два милиони евра). На аукцијата учествуваа 22 потенцијални купувачи, а во финишот останаа претставникот на Ивановската област, познатиот режисер Ларс фон Трир и еден непознат колекционер“, истакна губернаторот.
Почетната цена на архивата се движеше од 80 до 100 илјади фунти. Министерот за култура на РФ, Владимир Медински, во јавните настапи истакнуваше дека архивата на Тарковски треба да се купи и да се врати во Русија.
„Ние, заедно со Министерството за култура, направивме што е во наша моќ да се привлече вниманието на овој настан и архивата на големиот режисер да се врати во татковината. Им се заблагодаруваме на сите покровители“, рече Мењ.
Еден од најинтересните предмети во архивата е писмото адресирано до Леонид Брежњев, во кое Тарковски моли за дозвола да работи во СССР и дозвола во неговата татковина да се прикажуваат неговите забранети филмови.
Вредноста на архивата е проценета на околу 150 илјади долари. Меѓу другото, архивата ги содржи режисерските верзии на сценаријата за филмовите „Соларис“, „Бел, бел ден“ (преименуван во „Огледало“) и „Сталкер“. Овие сценарија се веќе објавени, но, како што истакнува агенцијата „РБК“, тиражот бил многу мал, па можно е на аукцијата да се изнесени единствените сочувани примероци. Покрај репликите на ликовите, сценаријата содржат и инструкции поврзани со распоредот на камерите и со аголот на снимање. Во нив некои идеи на авторот се разликуваат од кадрите што на крајот влегле во филмот. Освен тоа, на аукцијата беше даден и ракописот на книгата „Вајање во времето“, која Тарковски ја има издадено во 1986 година и која стана класично дело за литературата и за филмската уметност. Збирката содржи и бележници со опис на секој кадар во филмовите, како и 32 аудиоленти со излагања на режисерот. Приватните фотоалбуми содржат фотографии на Тарковски со семејството и со пријателите, како и со други познати личности, како на пример со Мстислав Ростропович.
Еден од најинтересните предмети во архивата е писмото адресирано до Леонид Брежњев, во кое Тарковски моли за дозвола да работи во СССР и дозвола во неговата татковина да се прикажуваат неговите забранети филмови.
Меѓународниот филмски фестивал „Огледало“ во чест на Андреј Тарковски се одржува во Ивановската област секоја година, почнувајќи од 2007. Спомен-музејот е отворен во 1996 во куќата во која режисерот го минал своето детство.
Во извештајот се користени материјали на РИА „Новости“ и на радиото „Ехо Москви“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче