Воената морнарица на Русија ќе добиe 24 бродови за три години

Воената морнарица на Русија до 2016 година ќе добиe шест атомски подморници и 18 бродови.

Воената морнарица на Русија до 2016 година ќе добиe шест атомски подморници и 18 бродови, соопштува „Интерфакс“, надоврзувајќи се на прес-коференција во Министерството за одбрана. Освен тоа, на морнарицата ќе ѝ бидат дадени 30 чамци со специјална намена. Квалитетот на новите бродови ќе се контролира со засилена државна контрола од Министерството за одбрана на Русија.

Со какви имено бродови ќе се опреми морнарицата, не е кажано. Моментално на бродоградилиштата во Русија се градат неколку атомски подморници, како на пример, подморници од проектот 885 „Јасен“, проектот 955 „Бореј“, дизелски подморници од проектот 636.3 „Варшавјанка“, подморници од проектот 677 „Лада“ и други.

Според државната програма за вооружување на Русија, до 2020 година Морнарицата треба да биде снабдена со сто парчиња подводна и надворна техника, вклучувајќи 20 нестратешки подморници, осум стратешки подморници, 35 корвети и 15 фрегати. За целото модернизирање на Морнарицата се планираат околу 7.5 милијарди денари, или речиси една четвртина од сите средства кои се планирани од Министерството за одбрана (околу 30 милијарди денари).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.