Во Московскиот Меѓународен Дом на музиката се отвора Третиот Божиќен фестивал. На него ќе се одржат концерти на познатите хорови од Русија, Украина, Бугарија и Шпанија, кои ќе исполнат духовни творби од минатото и сегашноста.
Деновите после празникот на Христовото Раѓање биле и остануваат едни од најрадосните за сите православни верници, но и не само за нив. Една од формите на таа радост претставува третиот по ред московски Божиќен фестивал, кој дава можност да се добре тоа музичко богатство, без кое несмислива е ниту една случка во животот на христијанинот.
Духовните хорски концерти секогаш имале популарност во Русија - дури и во советски времиња, кога црковната музика била забранета, Вечерната на Рахманинов и Литургијата на Чајковски биле познати на секој културен човек. Со завршувањето на периодот на замолчување на тој дел од руската музика, на широк круг слушатели им се откриваат нови имиња и дела. И тоа дека руската музика никогаш не знаела периоди на падови - го потврдува имено Божиќниот фестивал.
Во оваа година неговата програма е концептуално „обработена“. На концертите за откривањето (9 јануари) и затворањето (24 јануари) ќе земат учество Патријаршкиот Синодален хор и најдобрите светски хорски колективи на Москва - Рускиот хор „Свешников“ и „Мајсторите на хорското пеење“ заедно со оркестар. А во основниот дел на фестивалот (12, 15 и 19 јануари) ќе настапат црковни хорови од Русија, Украина и Бугарија - три словенски држави кои се поврзани со врските на истата вера. Хоровите на Сретенскиот манастир во Москва, Киево-Печерската Лавра и на Александар Невски во софија - ќе ги исполнат црковни пеења, а исто така и дела на Павел Чесноков, Степан Дегтјарев и Добри Христов, кои денеска се класика. На концертите на отворањето и затворањето, освен традиционалните дела, ќе зазвучи и современа духовна музика.
По традиција, секој Божиќен фестивал има своја карактеристика. Овој пат најверојатно посебен интерес ќе предизвика концертот на момчешкиот хор од манастирот во Монсерат на 17 јануари. Настапот на колективот од Шпанија ќе стане уште еден доказ за екуменското единство, кога меѓуконфесионалните разлики отстапуваат пред лицето на општата за сите - христијанска култура.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче